Италијанските фудбалери ќе се вакцинираат пред Европското првенство
Foto

Италијанските фудбалери ќе се вакцинираат пред Европското првенство

Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини состави проширен список од 35 играчи на кои ќе смета за претстојното Европско првенство со цел сите фудбалери, кои ќе играат на завршниот турнир, да бидат вакцинирани.

Нивното вакцинирање треба да почне в понеделник и предизвикува остри реакции во јавноста поради бавното темпо на имунизација во 60-милионската Италија. Досега првата доза од вакцината против коронавирус ја примиле помалку 20 милиони Италијанци, а втора доза примиле помалку од шест милиони жители.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) претходно соопшти дека вакцинирање на фудбалерите, кои ќе настапат на Европското првенство, не е задолжително, но ги „охрабрува земјите учеснички што поголем број играчи да бидат вакцинирани“.

Италијанските медиуми јавија дека репрезентативците ќе примат вакцина од производителот „Модерна“ со цел да можат да се ревакцинираат по три недели. Европското првенство треба да се одржи од 11 јуни до 11 јули.

0 Коментари

Остави коментари