Италијанците, по 65 години, повторно ќе играат во зелени дресови
Foto

Италијанците, по 65 години, повторно ќе играат во зелени дресови

На претстојниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година меѓу фудбалските селекции на Италија и Грција, на 12 октомври, домашните ќе настапат во некарактеристични зелени дресови. 

Иако зелената боја ја има и тоа како прва во знамето на Италија, сепак, спортските репрезентации на оваа земја се познати под прекарот „аѕури“, затоа што носат опрема во азурно сина боја.

Инаку, нема да биде првпат во историјата Италијанците да играат со зелени дресови. Тие и пред 65 години на „Олимпико“ во Рим кога победија со 2:0, исто така, се појавија во зелена боја. Објаснувањето е дека бојата е инспирирана од ренесансниот период и е во чест на многу млади играчи кои придонесуваат за напредокот на италијанскиот репрезентативен фудбал.

0 Коментари

Остави коментари