Италија ја пречекува Македонија во Палермо за баражот за СП 2022
Foto

Италија ја пречекува Македонија во Палермо за баражот за СП 2022

Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со Италија во Палермо на 24 март следната година во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар.

Италијанската фудбалска федерација обелодени дека натпреварот ќе се игра на стадионот „Ренцо барбера“ во Палермо од 20:45 часот.

Италија последен пат на овој стадион има играно во ноември 2019-та година.

0 Коментари

Остави коментари