Италија и Германија лути, Фајзер доцни со испораката на вакцините
Foto

Италија и Германија лути, Фајзер доцни со испораката на вакцините

Верзијата на коронавирусот, која беше откриена во Велика Британија, веќе е раширена во најмалку 60 земји, предупредија првите луѓе на светската здравствена организација, посочувајќи дека тоа е 10 држави повеќе отколку пред една недела.

Во извештајот на СЗО, се наведува и дека мутацијата која првпат беше откриена во Јужна Африка, а за која се верува дека исто како и онаа од Велика Британија многу полесно се пренесува, веќе е присутна во 23 држави...

И покрај намалувањето на бројот на нови случаи на инфекција со ковид 19 во Германија, Ангела Меркел и премиерите на германските покраини се согласија да ги продолжат рестриктивните мерки до 14 февруари. 

„Сега е време да се преземат мерки на претпазливост против заканата што ја носи коронавирусот.“ - изјави Меркел.

И израелската влада одлучи да ги продолжат рестрикциите иако земјата предничи во вакцинирањето на своите граѓани. Рекордните 10 илјади инфекции за само 24 часа, ги принуди израелските власти да го продолжат карантинот до крајот на месецот.

Италија се закани дека ќе ја тужи фармацевтската компанија Фајзер поради доцнење на испораката на вакцините против Ковид-19. Според специјалниот комесар за пандемијата на Италија, истакна дека не се доставени дури 30 проценти од ветените дози.

Лидерите на земјите-членки на Европска Унија утре ќе имаат нова средба на која ќе разговара за солидарноста на Унијата со трети земји во однос на испораката на вакцините..Сепак, не се очекува конкретизација на термините, ниту колкаво количество ќе стигнат на Западен Балкан. Според најавите, на утрешниот состанок ќе се разгиовара и за сертификатите за вакцинација

Во најголемата кампања за вакцинација во светот, досега се вакцинирани повеќе од 46 милиони лица во 51 држава. Но, и покрај ова, са само седум дена од последиците од коронавирусот, ширум светот починаа 93.000 лица а пријавени се речиси 5 милиони нови случи на инфекцијата.

0 Коментари

Остави коментари