ИТ комората бара посебни даночни правила
Foto

ИТ комората бара посебни даночни правила

Нови даночни правила што ќе важат само за информатичарите, бара ИТ комората за да се спречи иселувањето на младите кадри. Освен прогресивниот данок од 18 % , кој го плаѓаат 30 насто од информатичарите кои месечно земаат над 90 илјади денари, за нив проблем се и другите даноци. 

Претседателката на Комората вели дека просечната плата во оваа дејност е 56 илјади денари и на тие примања плаќаат највисоки придонеси, но кога ќе отидат на лекар, на пример, ги добиваат истите услуги како и сите останати. Затоа компаниите за да ги задржат кадрите на работа им плаќаат дополнително приватно здравствено осигурување.  

ИТ инжинерите најлесно можеме да ги задржиме во земјата. 1500 евра плата во Македонија се многу повеќе од 4000 евра во Германија. Ако ништо друго, овде имате инфраструктура, имате каде да живеете. Тука ви е и фамилијата, мајка, татко, има кој да ви ги чува децата. Треба да се направи и една кампања за да можат младите да го разберат тоа.

Како да се олеснат даноците за информатичарите, Пешева вели дека треба да земеме пример од Бугарија, каде за оваа категорија веќе има посебни даночни правила. И Бугарите го направиле тоа за да си ги задржат младите умови во земјата.

Албанија годинава го намали корпоративниот данок на ИТ секторот од 15% на 5%. Нашата Влада вети намалување на данокот на добивка за компаниите од овој сектор од 10 на 3 насто. Но тоа се уште не се реализира.

0 Коментари

Остави коментари