Исвиркуван Нетанјаху во ОН

Свирежи, аплауз и делегации кои го бојкотираа говорот на израелскиот премиер Нетанјаху ги осуди западните земји кои ја признаа Палестина. 

Уште пред да стартува со говорот откако Бернамин Нетанјаху се приближи до говорницата салата на Генералното Собрание почна да се празни, а делегати од различни земји ја напуштија просторијата, додека се слушаа исвиркувања, но и аплаузи од оние кои останаа внатре. Американската делегација остана на своите места, додека палестинската мисија претходно ги повика државите координирано да ја напуштат седницата. 

Нема да се смириме додека не ве вратиме сите дома им порача Нетанјаху на заложниците на Хамас на хебрејски и на англиски јазик. 

Дa им се даде на Палестинците држава на една милја од Ерусалим по 7ми октомври е исто како да и се дадеше држава на Ал-Каеда на една милја од Њујорк по 11 септември, тоа нема да се случи, порача Нетанјаху. Следеше аплауз од израелската и од американската делегација. 

Преку мапа, за која кажа, дека се гледа она што тој го нарече „проклетството на терористичката оска на Иран“, порача дека голем дел од посредниците на Техеран биле уништени од израелската војска, наведувајќи ги Хамас, Хезболах во Либан и Хутите во Јемен како примери. Изјави дека непријателите на Израел ги мразат сите. Негираше дека се случува геноцид во Газа и порача дека Израел дозволил 2 милиони тони помош во Појасот Газа. Фокусирајки се на решението за две држави, порача дека Палестинците не сакаат држава до Израел, туку сакаат држава наместо Израел. Бенјамин Нетанјаху остро ги осуди западните земји кои ја признаа палестинската држава. 

Во последните денови Франција, Австралија, Канада, Обединетото Кралство и други земји признаанезависна палестинска држава. Европската Унија разгледува тарифи и санкции за Израел.