ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЦГК: ЗДРАВСТВОТО ИМА 183 АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, НАЈУПОТРЕБУВАНОТО ПОМИНАЛО ДУРИ 1,36 МИЛИОНИ КИЛОМЕТРИ

1 милион и 360 илјади километри има поминато амбулантното возило на Здравствениот дом во Кичево. Две возила за итна помош од Струга и Отешево го држат рекордот- произведени пред 31 година , а сеуште во нив пренесуваат пациенти. Во цела држава има вкупно 183 санитетски и возила за прва помош. Ова се скромни бројки споредено со возила низ институциите или во бројки 2645 службени автомобили. , покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. На секое 15-то возило во кое се возат министри, градоначалници или други државни службеници има по 1 амбулантно возило.

„Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13% од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година.“ - се вели во истражувањето на ЦГК.

.Двете најскапи возила од 153.460 евра и 137.260 евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје Најмногу амбулантни возила има во Скопје- 30 и во Охрид и Битола по 12. Првиот човек на Здравствен дом Скопје не сака да го коментира последното истражување и вели дека со сите сили се прават напори да одговорат на потребите на пациентите.

„Приказна за себе се и противпожарните возила од кои има голем недостаток во цела држава. Има вкупно 220 возила со кои се гасне пожар, а уште пострашни се податоците дека дури 70% од нив се од минатиот век, со просечна старост од 27 години. Првиот пожарникар во Скопје , Владимир Симоновски се пожали дека ретко кој од надлежните има слух за нивните потреби.“ - вели Злате Мехмедовиќ- директор на Здравствен дом Скопје.

Телоп- Владимир Симоновски- Јас откако сум директор пола година барам едно возило, комбе за ситни технички интервенции да не праќам големи возила поради проблеми со паркинг во случаи кога има заглавени граѓани во лифт , или заклучени деца, но не ни даваат. Наредната година се очекуваат 5 возила во Скопје, а досега само градоначалниците на Скопје и Куманово покажаа интерес да помогнат.

Овој сооднос на возилата предизвика негативни реакции во јавноста и потенцирање на потребата од дополнителни набавки на возила во кои се пренесуваат пациентите .

Додека двете најитни служби во државата кубурат со опрема и возила, граѓаните се револтирани од луксузирања на одредени функционери кои набавуваат скапи возила со државни пари. На пример струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој изјави дека е срамота градоначалник да се вози со Шкода, сакајќи да ја оправда набавката Аудито вредно 67 000 евра.