Истражување на ЦГК: 4 милиони евра општините дале на граѓаните во изборната 2025

Од 100 илјади денари за брак до 200 илјади за фасада..повеќе од 4 милиони евра дале општините за субвенции и за помош на граѓаните во изборната 2025 -та – речиси еден милион повеќе од претходната година, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации .....Најдарежлива е општина аеродром која исплатила  552.387 евра на 10 илјади жители...Следи општина центар со 507 илјади а веднаш зад нив се Кисела Вода и Гази Баба.. Пари се доделувани за вкупно 92 различни основи – од прво дете и стапување во брак па се до превоз и паркинг...

Центар за граѓански комуникации

„Субвенционирани се и сметки за комуналии, за полагање возачки, за превоз и за паркинг. Пари се давани за стапување во брак, за санација на покриви, за прозорци, за лифтови, за стипендии, а наградувани се првенци на генерација, најдобар наставник, полицаец, земјоделец, пожарникар и доктор.“

Три скопски општини доделуваат помош по најмногу основи..Во Центар се 16 а по 12 во Кисела Вода и Гази Баба ..Десетина општини тврдат дека воопшто немаат доделено вакви средства во изминативе две години додека Сарај, Чаир и Град Скопје не ни одговориле на барањето..

Истражувањето покажало и дека секоја општина има различни правила врз основа на кои може да се добијат стредствата и висината на износот..Заедничка за речиси сите општини е помошта за првачиња и новороденчиња но сумата која секоја од нив ја исплаќа е различна.. 

Центар за граѓански комуникации

„Нема воедначеност ни меѓу сумите што ги исплатуваат општините за иста основа. Пример, за новороденче се исплатуваат од 3.000 до 30.000 денари, а за прваче сумите се движат од 2.000 до 8.000 денари. И за првородено дете сумите се различни и тоа од 6.000 до 30.000 денари. “

Според Центарот за граѓански комуникации,  нејасно е и дали општините воопшто имаат ингеренции за вакви дотации, особено што од општина до општина се применуваат различни правила, постапки и процедури... Во одлуките за доделување на помош, општините се повикуваат на различен член од Законот за локалната самоуправа...Најчест е членот 36, став 1 каде што се наведени надлежностите на Светот на општината и точката 15 односно „Врши и други работи утврдени со закон“..