Истражување: Дали Владата ги исполнува ветувањата
Од 142 ветувања кои Владата ги дала на почетокот на мандатот во 2024 година, за две години целосно исполнила само 18% од ветувањата, покажала најновата анализа на Фајнанс Тинк за тоа колку Владата ги исполнила своите ветувања. Најмногу ветувања биле реализирани во делот на образованието а воопшто никаква реализација немало во делот на родовата еднаквост. Во делот на социокономските ветувања од дадени 44 ветувања исполнети се само 5, во насока на исполнување се 11 а неисполнети се 21. Во делот на образованието од вкупно 38 ветувања, исполнети се 12, во насока на исполнување се 22 и 2 ветувања не се исполнети. Кај здравството од 31 дадено ветување, исполнети се само 4, 5 се во насока на исполнување и 22 се неисполнети. Во делот со млади и младински политики, владата дала 31 ветување а досега исполнила само 4. Во фаза на исполнување има 5 ветувања а неисполнети се 22.
СОЦИО-ЕКОНОМИЈА
Вкупно 44 дадени ветувања
Исполнети 5
Во фаза на исполнување 11
Неисполнети 21
Во спротивна насока од исполнување 7
ОБРАЗОВАНИЕ
Вкупно 38 дадени ветувања
Исполнети 12
Во фаза на исполнување 22
Неисполнети 2
Во спротивна насока од исполнување 0
ЗДРАВСТВО
Вкупно 31 дадено ветување
Исполнети 4
Во фаза на исполнување 5
Неисполнети 22
МЛАДИ
Вкупно 31 дадено ветување
Исполнети 4
Во фаза на исполнување 5
Неисполнети 22
Во спротивна насока од исполнување 2
Ана Мицкоска Ралева од Македонскиот центар за граѓанско образование при презентирањето на податоците рече дека поголем дел од мерките во делот на образованието се во застој бидејќи треба да се донесат законите за основно и високо образование.
Ана Мицкоска Ралева, Македонски центар за граѓанско образование: Во поглед на нереализираните мерки тоа се две конкретно. Едното е унапредување на предучилишното образование како дел од образовниот систем, не се направени законски измени во заонот за основно образование каде ова ќе стане можност. И друга мерка е пилотирање на стемп концептот во рамките на основните и сртедните училишта. Нема активности во оваа насока.
Во делот на здравството доктор Кирил Солески од Македонското лекарско друштво рече дека доколку сакаме реформи во примарното здравство најпрво треба да се почне со реформи во целиот здравствен систем
Кирил Солески, Македонско лекарско друштво: Не се забележани видливи резултати во процесот на дигитализација на здравстевниу услоги, пристап до специјалистички здравстевни услуги, намалување на листата на чекање, интеграција на различни нивоа на здравствена заштита, реформски процеси на примарно здравство кои паралелно треба да се одбвиваат со реформите на здравстевниот систем.
Благица Петревски од Фајнанс Тинк рече дека Владата треба да ги ревидира дадените ветувања и да даде транспарентен одговор дали и колку може да ги реализира.
Анализата покажала и дека не е исполнето ветувањето на Владата за отварање на 70 000 работни места за млади. Додека ветувања под ризик се инфлацијата, сивата економија и странски дирекни инвестиции.

