Истражување: 75 отсто од анализирани примероци на храна имаат штетни материи
Меѓународните организации за храна направиле истражување кое покажува дека 75отсто од промероците кои ги тестирале содржеле штетни материи. Најмогу од храната се тестирала во Америка.
Во извештајот е наведено дека биле откриени над двесте пестициди но и сто поеднинечни хемикалии. Ваквото истражување го отвара прашањето каква храна конзумираат македонските граѓани, ТВ 24 излезе на терен и ги праша граѓаните колку се сигурни во храната што ја конзумираат
Прашања испративме и до државната агенција за храна и ветеринарство,но конкретен одговор не добивме туку тие ја префрлија топката дека контроли врши инспекторатот за земјоделство, а не тие.
„Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежна за спроведување на контроли за безбедноста на храната (овошје и зеленчук) во делот на контрола на резидуи на пестициди и други контаминенти. Контролите се прават врз основа на Годишните Програми за мониторинг на храна. Со Програмите е опфатено домашното производсто и производите од увоз.“ - велат од АХВ.
Во првиот месец од годинава инспекторите извршиле решиси пет илјади контроли, под лупа биле над 3 илјади пратки во кои имало храна од неживотинско потекло, а истата била увезена во Македонија.