ИСТРАГАТА ЗА „РЕКЕТ“ ПРОШИРЕНА, РЕМЕНСКИ НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА
Foto

ИСТРАГАТА ЗА „РЕКЕТ“ ПРОШИРЕНА, РЕМЕНСКИ НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА

Пратеничката од власта Фросина Ременски не се чувствува виновна и ќе чека обвинителството да докаже дека таа помогнала во измамата за старечки домови на Бојан Јовановски . Иако имаше титула почесен претседател на Меѓународниот сојуз, Ременски денеска не сакаше да зборува за нејзината улога таму, но и за целиот случај со финансирањето.

- Се прејудицираше вина, се ставаа на товар работи кои немаа никаква допирна точка, ниту доказ со ова што го гледаме денеска и затоа мислам дека ќе биде прилично несимпатично јас сега да ви се правдам за некои информации кои вие претходно сте ги прејудицирале во јавноста. - Фросина Ременски.

Премиерот Заев вчера индиректно најави времено отстранување на неговата сопартијка но и секој за кого ќе биде докажана вина во некоја истрага.. На Заев не му се лути а се уште не размислува да го напушти потпретседателското и пратеничкото столче во Собранието.

- Мислам дека можеби има добра шанса сите пратеници во Собранието кои се во некакво својство пред органите на правосудството, доколку се договориме, колективно да поднесеме оставки. - Фросина Ременски.

Нејзината улога според обвинителството е што присуствувала на средбите меѓу Боки 13 и измамените бизнисмени кои за непостоечки проекти уплатиле речиси милион евра. Со нејзиниот углед и авторитет бизнисмените мислеле дека зад проектот стои владата на Зоран Заев. Но Ременски не сакаше да даде одговор дали била присутна на состаноците. И таткото на Бојан Јовановски не чувствува вина.

Фросина Ременски, Јовановски но и неговата асистентка Христина Блажевска останаа без пасошите. Судија на претходна постапка попладнево одлучи да им одреди мерки на претпазливост. Потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ од вчеравечер е во домашен притвор.

0 Коментари

Остави коментари