Истрагата во Бугарија: Причина за превртувањето на автобусот е човечка грешка

Човечка грешка е најверојатната причина за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија во која учествуваше српски автобус, а повредени се деца и возрасни.  

- Човечка грешка е најверојатната причина за несреќата, Направивме увид на патот не се забележани ниту дупки, ниту неисправности, ниту некакви препреки кои може да ја предизвикале несреќата. - изјави Борислав Сарафов.

Според информациите возачот на автобусот не е повреден, земена му е и крв, тестот му е негатвивен на алкохол и наркотици. Возачот е задржан во полиција во следните 24 часа и се очекува да биде покренато обвинение.

Во однос на  безбедност на патиштата, министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев вели дека и во случајот со Велико Трново и во овој случајот на вчерашната сообраќајна несреќа со автобусот, причина за несреќата е човечка грешка. 

- Несреќата со српскиот автобус на АМ „Тракија“ и онаа во Велико Трново не е поради непостапување на полицијата или условите на патот, туку човечка грешка. помошта од полицијата, противпожарната и медицинските служби била брза и добро координирана. - изјави Иван Демерџиев министер за внатрешни работи.

Тој објасни дека е во постојан контакт со министерот за здравство и малолетниците прво ќе бидат транспортирани до српската граница, а ќе им биде обезбедена придружба од МВР. 

Министерот за здравство на Бугарија информира дека состојбата на децата е стабилна со исклучок на две деца чија здравствена состојба е по сериозна.

- Едно дете е оперирано, додека друго дете има повреди на главата, на виозрасно лице му е апмутирана ногата. - изјави Асен Меџидиев -Министер за здравство на Бугарија.

Синоќа, патнички од автобусот ја открија и причината за несреќата.

- Се беше во ред, возачот беше одморен, само еден родител посака да седне напред, затоа што се закашла и возачот сакаше да му го спушти седиштето, бидејќи тој не знаеше како, и како возачот се навали да го спушти седиштето, така автобусот се преврти. Брзо застанавме не се превртувавме долго, автобусот се движење вообичаено, не побрзо од патувањето кога доѓавме во Бугарија. Не приметив дека се движи побрзо од колку што треба. Шоферот не заспа зад волан, бидејки  претходно застанавме на бензинска пумпа. Бев потресена и исплашна, бидејки со нас има многу деца, но сега веќе сум подобро. - велат сведоците.

Осум деца и четворица возрасни се повредени во сообраќајната несреќа во Бугарија. На местото на несреќата немало заштитна ограда на автопатот, па така автобусот успеал да излета од коловозот. Автобус со српски регистарски таблички се преврте вчера  во Бугарија. Несреќата се случи на автопатот „Тракија“ во 8:10 часот на 217 километри од Софија, кај Стара Загора. Во автобусот имало 38 деца, десет возрасни и еден возач кои се враќаа од Сончев брег во Белград по учеството на фолклорен фестивал.