Истрага за убиениот доктор, во понеделник протест на матичните лекари

Се уште трае мистеријата кој и зошто го усмрти матичниот лекар, кој за неколку месеци требало да замине во пензија, а меѓу колегите важи за врвен доктор со огромен стаж. Од Јавното обвинителство без да споделат повеќе детали, кусо сооштија дека работат на случајот.

МВР работи на откривање на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата.

Обдукцијата е завршена. Во моментов можеме само да потврдиме дека станува збор за насилна смрт. Се работат дополнителни ДНА и токсиколошки анализи. Во постојан контакт сме со ОЈО и МВР околу решавање ма случајот и обезбедување материјални докази

Истражните органи ги анализираат трагите најдени на местото, а ги прегледуваат и снимките од безбедносните камери во околината на Поликлиниката. На влезот на објектот поставена е безбедносна камера која снима токму кон возилото во кое бил пронајден лекарот.

Трагедијата ја прели чашата. Во понеделник, од 12 до 16 часот, матичните лекари ќе престанат да даваат секакви услуги за да искажат колку се незаштитени како лекари по убиство на колегата.

Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватните матични лекари, вели дека со прекинот на работата сакаат да издејствуваат донесување на законот за докторска дејност, кој предвидува поголема заштита на лекарите.

Од друга страна професор Никола Пановски не се согласува со протестот на лекарите во понеделник, се додека не се докаже дека мотивот за убиството е поврзан со рабоатта на лекарот.

Матичниот доктор околу 20 години работел во објектот на Поликлиниката Железара каде под концесија држел амбуланта.

Лекарската комора остро го осУДИ  убиството на докторот и бараат надлежните органи итно да го расветлат случајот. Инаку од Февруари лани, докторите добија статус на службени лица. Нападот врз здравствен работник додека извршува работни задачи се казнува со повеќегодишна затворска казна.

Јавноста се уште ги памети случаите за убиството на директорката на Заводот за физикална медицина во Козле во мај 2010 година. Нејзин колега доктор со 17 убоди од нож ја усмрти Лилјана Угриновска во нејзината канцеларија. 

5 години подоцна, утрото на 9 ноември син на почината пациентка пукаше во дигестивниот хирург Љубомир Огњеновиќ на работното место на хируршките клиники. 

А на Божиќ годинава болничар беше нападнат со нож од пациент додека делел терапија во собата.

Во 2024-та во Лекарската комора пријавени се 3 случаи за напад на доктори.