Истрага против претседател и судски администратор: Барале 8.000 евра за да влијаат врз судии во Гостивар
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против претседател на суд и администратор кои како соизвршители сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание.
Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и Совет на судии во Апелациониот суд Гостивар.
Обвинителот до судија на претходна постапка достави предлог за определување на мерки на претпазливост и за двајцата осомничени.

