Историски скок на Волстрит, каков што не се случил во последните 17 години

Одложувањето на царините помалку од 24 часа откако беа воведени следеше по најголемиот четиридневен пад на цените на акциите од кризата со коронавирусот, при што индексот S&P 500 падна за 12 проценти..

На Волстрит, индексот S&P 500 скокна за 9,5 проценти, што е неговиот најголем дневен скок во последните 17 години, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи спроведувањето на дополнителните царини за сите земји освен за Кина...

Вчерашното тргување почна претпазливо, со мало зголемување на индексите, а нивниот силен скок следеше попладне, откако Трамп објави на социјалните мрежи дека привремено, за 90 дена, ќе ја одложи примената на царините за сите земји освен за Кина, на која дополнително ќе ѝ ги зголеми царините на вкупно 125 проценти...