Историски момент за балканската и европската археологија

Околу 100ина историски артефакти од непроценливо значење открија македонските археолози на локалитет во струшкото село Корошишта. Меѓу нив нив златен надградник, два златни прстени, други златни предмети и украси, килибарни и стаклени перли, сребрени и бронзени чинии кои подоцна ќе бидат конзервирани и изложени во Археолошкиот музеј Скопје.

Се работи за монументална гробница односно два гроба на маж и жена за кои се претпоставува дека потекнуваат од елитата. Требеништа во 1932 па Корошишта 2024.Археолозите велат ова е историски момент за балканската и европската археологија.

Некрополата Корошишта е од архајскиот период.Се започнало пред четири години кога сопственик на нива случајно пронашол бронзен шлем кој го предал во Завод и Музеј Охрид. Со поддршка и соработка и на локалното население археолозите дошле до овие артефакти а очекуваат во иднина да се пронајдат и нови со непроценлива вредност. Локалитетот е соодветно обезбеден и заштитен, но неговата конкретна локација не се споделува.

Инаку во Охридско струшкиот регион досега се истражувани голем број некрополи од архајскиот период, со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на аристократска елита во тоа време.Овие ексклузивни наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местотото на македонската археологија во светот.