Историски ден за Македонците во Албанија, усвоена Резолуција од страна на ЕФА
Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски едногласно усвоената Резолуција „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“, од страна на Генералното собрание на Европската слободна алијанса го оценува како голем историски ден за Македонците од сите региони, не само во Албанија, додавајќи дека гласот на Македонците од Албанија веќе се слуша во Европа.
Со усвоената Резолуција, ЕФА, Јасно, бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија, да обезбедат образование на македонски јазик, праведно политичко претставување и рамномерен развој на регионите населени со Македонци, стои во објавата на Стерјовски на Фејсбук.

