Историската комисија со нов член утре на средба со колегите од Бугарија
Димитар Љоровски е новиот член на македонскиот тим од Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија , дознава телевизија 24 од висок владин функционер. Љоровски е предлог на Инстутутот за национална историја, а веќе е одобрен од Владата на затворена седница и утре ќе седне на столчето заедно со останатите историчари од Македонија и Бугарија.
Според достапните информации , Љоровски е македонски историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон историјата на Балканот во доцноосманлискиот период, и Македонското револуционерно националноослободително движење.
Утре и во четврток, македонските и бугарските историчари во скопје ќе имаат новасредба, а на масата повторно ќе ги стават учебниците за 7мо одделение и темата Гоце Делчев.