Историска средба на Си и Трамп во Пекинг

Историска средба и нова ера во односите меѓу кина и сад..Си Џинпин и Доналд Трамп задоволни од самитот и средбите на двете делегации..Кинескиот лидер најави подобрување на односите со вашингтон и очекува годините кои следат  да бидат одбележани со стабилни односи, порачувајќи дека Кина и САД треба да бидат партнери, а не противници.. 

На разговорите кои траеа повеќе од 2 часа, имаше и предупредување.. Тајван, лесно може да го влоши односите па дури и да доведе до конфликт меѓу двете земји..

Си Џинпин – претседател на Кина

„Целиот свет го следи нашиот состанок. Во моментов, трансформација каква што досега не е видена се забрзува низ целиот свет, а меѓународната ситуација е променлива и турбулентна. Светот се најде на нова раскрсница. Дали Кина и Соединетите Американски Држави можат да ја надминат „стапицата на Тукидид“ и да создадат нова парадигма на односи меѓу големите сили? Дали можеме заедно да се справиме со глобалните предизвици и да обезбедиме поголема стабилност за светот? “

Доналд Трамп пак го пофали својот домаќин, нарекувајќи го голем лидер...Според американскиот претседате, двете земји ги очекува светла иднина во билатералната соработка. ..

доналд трамп – претседател на САД

„Односот меѓу американскиот и кинескиот народ датира уште од откривањето на Америка. Два и пол века подоцна, таа прва врска прерасна во еден од најзначајните односи во светската историја. Од самиот почеток, нашите граѓани споделуваа длабоко чувство на меѓусебна почит. “

На разговорите присуствуваа и владини министрти за финансии, трговија, одбрана и надворешни работи од двете страни....Американскиот претседател беше придружуван и од десетина истакнати бизнис лидери , вклучувајќи го извршниот директор на „Тесла“, Елон Маск, првиот човек на „Нвидија“, Јенсен Хуанг и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук...Сите се сретнаа со Кинескиот претседател кој најави поголема отвореност за американските компниии ..