Историска комисија: Ги демантираме лагите за дадените препораки

Препораките на мешовитата комисија за историски и образовни прашања ги поздрави и бугарското МНР. Заменик министерот за надворешни во официјална Софија Костадин Којабашев ја охрабрува комисијата да продолжи со напорите за брзо завршување на работата на сите периоди на како што наведува заедничката историја. 

- Објавувањето на предлозите од 2019 година, одобрени од владите на двете земји, е многу важен чекор кон запознавање на јавноста и во бугарија и во Република Северна Македонија со резултатите од работата на заедничката комисија. Така, според нас, се создава потребната основа за да се продолжи со практично спроведување на уште еден многу важен договор од протоколот, а тоа е координација на календар на заеднички прослави за периодот 2022 – 2023 година за петте заеднички историски личности“ .

Во меѓувреме пак и денеска партиите продолжуваат со меѓусебни обвинувања откако ВМРО-ДПМНЕ и денеска преку соопшштение бара предвремени избори наведувајќи дека СДСМ и Ковачевски  нема доволно пратеници за уставните измени

- Оваа мала група криминалци ја држи во заложништво и СДСМ и Владата, но за жал ја држи во заложништво Македонија. Во интерес на државата е што поскоро на предвремени избори овие луѓе да бидат поразени и тргнати од политичката сцена. Тие може ќе бегаат, ќе се кријат, ќе манипулираат, ќе оддолжуваат, но народната казна ќе ги стаса. 

Од Бихаќка пак и денеска вратија.

- Може Мицкоски да бара референдум, да бара предвремени избори, ништо не го менува фактот дека неговите блокади и деструкции се поразени.Парламентарни избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин и на тие избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе изгубат, затоа што нивните деструктивни политики немаат поддршка од граѓаните. До следните парламентарни избори, државата ќе продолжи по европскиот пат.

Препораките од мешовитата историска комисија не ги поделија само партиите туку и професорската фела историчарите и познавачите на овие прашања. Дел од коментарите беа дека македонската страна направила поголеми  отстапки од бугарската, а дел пак дека мешовитата комисија препораките ги спакувала во добро запазен и избаланситан текст.