Источниот регион погоден од иселувањето

Од младите што останаа во источниот и централниот дел на државата половина сакаат надвор од Македонија.

Тендецијата на иселување во овој регион во однос на последниве години се намалува, но се уште процентот е многу висок, покажува последното истражување на студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Истражувањето покажа дека за заминување најмно влијаат парите, за останување во државата- семејството.

Најпополуарни дестинации за иселување на младите и тоа во контиунитет остануваат САД и Германија, а интересот за иселување во Швајцарија се намалува.  

Иселувањето како проблем на истокот го потврди и последниот попис. Тој покажа дека општините имаат природен прираст во длабок минус и намалување на бројот на жители за над 30.000.  За да се намали процесот на иселување според познавачите потребно е целосна децентрализација, рамномерен развој и департизација на институциите.