Истекува мерката за ограничување на маржите, доколку има злоупотреби ќе следуваат нови поригорозни мерки
Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека ќе има ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.
Како што вели, ограничувањето на маржите до 10 отсто дало резултати и се намалени цените на храната и пијалаците. Ако трговците не се однесуваат како што треба или пак ги зголемуваат цените најави дека ќе има поригорозни мерки од тие што ги имавме досега.