Исплатени 52 милиони евра на депонентите, штедачите на „Еуростандард“ бараат исплата на целата сума
Foto

Исплатени 52 милиони евра на депонентите, штедачите на „Еуростандард“ бараат исплата на целата сума

Исплатата на по триесет илјади евра е законска обврска на Фондот за осигурување на депозити и штедачите на „Еуростандард банка“ нема да се откажеме се' додека не бидеме целосно оштетени, вели Драган Блажев откако денеска Фондот соопшти дека до сега се исплатени вкупно 3,2 милијарди денари или 52 милиони евра, што претставува близу 77 отсто од вкупната сума што треба да им биде исплатена како обештетување.  

Од Фондот за осигурвање на депозити уште информираат дека обештетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити.

Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот. Исто така, велат од Фондот, до денеска се исплатени близу 10 милиони денари или безмалку 163 илјади евра по основ на обештетување на наследници на депоненти на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај.

И покрај ова, Блажев вели дека оштетените штедачи ќе се борат со сите демократски средства се' додека не бидат целосно обештетени.   

Здружението на оштетени штедачи од „Еуростандард банка“ продолжува со протестите утре пред Народна банка.

0 Коментари

Остави коментари