Исплатена третата транша од унгарскиот кредит во износ од 41,3 милиони евра

Развојната банка ја исплати третата транша во износ од 41,3 милиони евра кон деловните банки за 175 одобрени проекти на домашните компании, од кредитнатата линија за инвестиции и развој од унгарскиот кредит.

Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 91 проект на мали компании и 19,5 милиони евра за инвестиции во опрема. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра.

Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45% во градежи, 47% во опрема, 2% во обновливи извори на енергија и 6% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 9 микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата.

Со оваа транша, развојната банка, досега исплати вкупно 125,8 милиони евра кон деловните банки, односно половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството.