Искористување на ЕУ фондови за развој на туризмот
Foto

Искористување на ЕУ фондови за развој на туризмот

По број на жители помала од Берово, но неколку чекори понапред во развојот на туризмот. Бугарска Белица е најчест партнер на македонските општини во проектите за меѓугранична соработка. Таа е и вистински рекордер во искористување на парите од европските фондови.

„Низ годините добивме многу пари од европски проекти. Само преку програмата за прекугранична соработка со Северна Македонија направиме техника документација за реставрирањето на црквата свети Ѓорѓи, се реконстрираше читалиштето, а ја завршивме и физибилити студијата за развој на ски туризмот во Семково“, вели Маја Падарева, Народно читалиште  Георги Тодоров“ -Белица.

Студијата за Семково е направена во рамки на ист проект со онаа за Царев врв и развој на Пониква. Но додека македонските градоначалници чекаат пари од државата, првиот човек на Белица веќе ги договара деталите со бугарската Влада земјиштето од државно да стане општинско, по што ќе се бара инвеститор за проширување на понудите на овој ски центар.

„Така ќе може да се започне еден проект со изградба на дрвени колиби за сместување и нови патеки за да се направи атрактивно место, слично на австрискиот Зефелд за да биде привлечен за сите туристи, додава Падарева

Белица е позната и  како град на танцувачките  мечки. Во паркот во природна средина живеаат 28 пензионирани циркуски мечки од Косово, Грција, Украина  и Бугарија. Има забавен парк, културни знаменитости и многу туристи, но со развиена дрвна и текстилна индустрија не е доволно да се задржат младите.

„За жал како и во цела Бугарија имаме бран на иселувања надвор од државата, има многу прични, но најсилни се финасиските, младите напуштаат, но ние се надеваме дека тие повторно ќе се вратат“, „  Многу малку ми останува за живот. Јас сум пензионерка и земам 200 лева пензија и соругот ми зема 300, значи 500 лева, со тоа живееме, затоа јас дополнително работам во хотел во Разлог“, „Лошо е многу, оти нема работа. Бројот на младите не е како во поранешните години“, велат анкетираните жители на Белица

Последниот проект на кој ќе работат општините Белица и Штип е завршување на  реконструкцијата  на Читалиштето „Георги Тодоров“ и реставрирање на црквата Св. Власиј на штипски Исар, тежок околу 400.000 евра.

0 Коментари

Остави коментари