Исијановски за тв 24: Треба да се работи на развивање на свеста кај граѓаните
Foto

Исијановски за тв 24: Треба да се работи на развивање на свеста кај граѓаните

Докторот Виктор Исијановски директорот на Здравствениот дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести во отвореното студио на 24 анализа потенцираше дека зголемениот број на заболени се должи на непочитувањето на мерките. Целта на комисијата биласо постепено олабавување и со препорака граѓаните да се придржуваат до мерките.

Во општина Гази баба се зголемува бројката, вели доктор Исијановски и познати се кластерите. Тој кажа дека комисијата дава препораки, а секое непочитување значи опасност за другите и потенцираше дека свеста треба да биде на највисоко ниво.

„Треба да се работи на свеста на граѓаните.“ - вели Исијановски.

Тој како психијатар и член смета дека не беа избрзани одлуките за олабавување на мерките. Рече дека мерката за олабавување на мерките била донесена едногласно и смета дека со давањето на правилни насоки на угостителите ќе се намали ризикот и тие воглавном веќе ги почитуваат мерките за заштита во објектите. Во однос укинувањето на полицискиот час, смета дека тој не би бил корисен ако се олабават мерките.

„Ако не се почитуваат протоколите, ќе се зголеми бројката на заразени и тогаш ќе реагира комисијата.“ - вели Исијановски.

Не очекува втор бран на болеста и смета дека луѓето ќе сфатат дека е потребна заедничка борба против вирусот. Смета дека ниту една одлука не е донесена политички, и дека Комисијата не носела самостојна одлука, туку во соработка со другите институции и дека нивната цел е медицината, а не политиката.

0 Коментари

Остави коментари