Исеини во 24 анализа: СДСМ со предлог-законот за Кочани пробува да допре до гласачите на чувствителен начин
Политикологот Џенур Исеини во 24 анализа рече дека, СДСМ со предлог-законот за помош на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ пробуваат на чувствителен начин да допрат до гласачите.
Според него, ваквиот потег ќе беше оправдан доколку опозицијата го предложеше законот кога беа на власт и кога се случија претходните трагедии.
„На смејствата поважно од парите им е правдата. Не им значи ништо тоа и самите го кажуваат. Овие постапки ја нарушуваат довербата. Во време на СДСМ се случи модуларна, Ласкарци, и зошто тогаш не предложија закон и зошто не ги вметнаа и тие трагедии во овој Закон. Тука зборува партија без кредибилитет што не направила ништо. За тие трагедии јас не гледам некој да завшрил зад решетки. Тоа е минус за нив. И сега пробуваат со чувствителни закони да допрат до гласачот. Ќе беа во право ако го направеа истото додека беа на власт. Не треба да се молчи. Ако поминеше овој закон, не сум против да се обештетеат, ќе требаше а се вметнат и модуларна и Беса транс и Ласкарци. Ако беше СДСМ искрена ќе беше друго. Целта им е да добијат политички поени“, рече Исеини.
Тој зборуваше и за евроинтеграциите на Македонија. Според него, треба да се има предвид пораката на Софија дека вметнувањето на Бугарите во Устав нема да биде единствен услов.
„Политичката ситуација беше нестабилна во Бугарија и мислам дека ќе се зголеми притисокот од меѓународните фактори но сепак треба да ја имаме предвид порката од Софија дека вметнувањето на Бугарите во Устав не е единствен услов, ќе има и други. Мислам дека Мицкоски оправдано бара гаранции“, додаде Исеини.