Исчезнат во акција 1
Полковникот Џејмс Бреддок е американски воен офицер кој поминал седум години во северно виетнамски логор за заробеници, од кој избегал пред 10 години. По војната, Бредок го придружува владиниот тим кој патува во градот Хо Ши Мин за да ги истражи извештаите за американските војници кои сè уште се држат во затвор. Бредок ги добива доказите, а потоа патува во Тајланд, каде го запознава Џек „Так“ Такер, стар армиски пријател, а сега крал на црниот пазар. Заедно, тие започнуваат мисија длабоко во џунглата за ослободување на американските заробеници од генералот Тран.