Исчезнат 32 годишен жител на битолското село Буково, семејството бара помош
Исчезнат е 32 годишниот Никола Николовски од с. Буково - Битолско. Излегол од дома во петокот и од тогаш му се губи секаква трага. Последен пат е виден во неделата во манастирот во Новаци. Неговиот братучед вели дека момчето досега никогаш не бил скарано ниту имало било какви проблеми со некого.
„Исчезнат е од петокот 13 мај некаде од 13.30 часот. Никола излегол со неговиот автомобил „форд фиеста“ сина, со регистарски таблици БТ 852 ДК. Излезен е со намера да ја поправи гумата на колата и повеќе не се вратил дома. Никола е висок 185 цм, тежок 85 кг. Кога излегол од дома бил облечен во црни тренерки, патики и црна маица на кратки ракави со светло сини траки. Последен пат е виден во манастирот во Новаци во недела наутро каде замолува да го отвори манастирот за да запали свеќа. Нормално разговара со некој човек во близината и од тој момент немаме никаква информација“ - вели братучедот на Никола, Коста Котески.
Полицијата трага по Николовски, а семејството очајно бара помош од сите граѓани да пријават доколку го забележат Никола. Тоа можат да го направат на следните броеви 075/674-692 и 075/660-576.