Исчезнаа седум работници од Непал, МВР во обид да ги пронајде

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во две скопски фирми. Трагата им се губи речиси истовремено, во текот на вчерашниот ден.

Петмина работеле во приватна фирма во општина Аеродром, а случајот во МВР го пријавил сопственикот на компанијата во 14 часот.

Останатите двајца, според пријавата за помалку од два часа, се оддаелечиле од хотелот каде престојувале. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Ова не е прв случај на пријава за исчезнати Непалци. До сега неколку фирми низ Македонија пријавиле за ангажирани Непалци кои по одреден период работа во Македонија, не се појавиле на работните места.

Оваа мерка за увоз на работна сила беше овозможена по барање на стопанството поради недостигот на работна сила.