ИРЛ сторија: Какви тестови за корона се користат во земјава
Foto

ИРЛ сторија: Какви тестови за корона се користат во земјава

45 годишниот кумановец кој на 30 Март почина од Ковид 19 двапати безуспешно се обидувал да се тестира во јавното здравство иако имал симптоми на Корона вирусот, покажува истражувачката сторија на ИРЛ. 

Човекот одел кај својот матичен лекар, кој пак ги следел протоколите за тестирање за Корона, и не можел да закаже за својот пациент бидејќи според епидемиолошката анкета тој не бил подобен, иако кумановецот имал сува кашлица, температура и болки во мускулите, но не бил во контакт со заболен ниту патувал во странство. Човекот тогаш оди да се тестира во приватната болница Систина од каде добива резултат дека е негативен на Ковид 19. 

Но, на пациентот после два дена му станува лошо и на 29 Март е примен на инфективното оделение во кумановската болница, каде се тестира повторно, на 30 Март е префрлен на инфективната клиника во Скопје, каде излегува дека е позитивен на Ковид 19, но лекарите не успеваат да му го спасат животот. 

Министерот Филипче на 31 март соопштува дека пациентот бил со бројни минати болести: дијабетес, болест на срцето, фибрилација, хипертензија и обезност. Случајот на 45 годишникот покажува дека двата теста, оној во Систина и в јавното здравство покажале различни резултати, и дека покрај неговите симптоми матичниот лекар два пати не успеал да му закаже тестирање во јавното здравство. 

Во моментов во Македонија се прават два вида теста – молекурални тестови кои што ги прави државното здравство, како и лабораториите „Биотек” и „Авицена” и болницата „Жан Митрев”. Но, каде и да се обратите, тешко се доаѓа до таканаречните молекурални тестови или текстови за дијагностика на вирусот. Истовремено, пред околу една недела, болницата „Систина” набави таканаречени рапид тестови, или тестови кои, за разлика од молекуларните можат да утврдат дали имате антитетела на вирусот. 

Министерството за здравство посочи дека тестовите во Систина не покажуваат дали пациентот има Ковид 19 туку дали поседува анти тела, што значи дека после тој тест, задолжително е тестирање и на Институтот за јавно здравје.

0 Коментари

Остави коментари