ИРЛ: Измами со брзи кредити во кои биле вклучени организирани криминални групи од Македонија, Косово и Бугарија
Истражувачкиот документарен филм „Украдени животи“ на истражувачката репортерска лабораторија разоткрива измами со брзи кредити во кои биле вклучени организирани криминални групи од Македонија, Косово и Бугарија.
Истражувањето ги отсликува последиците од потфрлањето да се обезбеди ефикасен надзор врз финансиските институции во земјата, што создаде средина каде што криминалот, корупцијата и задолженоста драматично напредуваат. Дополнително, ваквиот амбиент на недоволно регулирани и набљудувани финансиски институции демонстрира и ризици во однос на порастот на финансискиот криминал.
Податоците за задолжувањата во овие друштва каде што секој втор не може навремено да го врати кредитот, како и високата бројка на измами кои друштвата ретко ги пријавуваат во полиција покажуваат дека државата не прави доволно за да ги разоткрие и спречи криминалните и економските ризици кои може да предизвикаат социјални немири.