Иран се закани дека ќе одговори на новите санкции од Западот
Иран се закани дека ќе преземе соодветни „мерки“ како одговор на новите санкции објавени против Техеран од страна на Велика Британија, Германија и Франција, негирајќи ги тврдењата дека и дал балистички ракети на Русија за да ја нападне Украина .
-Оваа акција на трите европски земји е продолжување на непријателската политика на Западот и економскиот тероризам против иранскиот народ, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канани.
Тој додаде дека „Исламската Република Иран ќе одговори на соодветен и пропорционален начин“, без да прецизира за кои „мерки“ станува збор.
Канани уште еднаш ги отфрли тврдењата дека Иран и испорачувал оружје на Русија.