Иран: Продолжуваат антивладините протести
Foto

Иран: Продолжуваат антивладините протести

Иранската полиција ги отфрли наводите дела отворила оган кон демонстрантите кои излегоа на улиците низ поголемите градови откако владата во техеран призна дека по грешка го урнал патничкиот авион во кој загинаа 176 лица.

Од министерството за внатрешни работи велат дека припадниците на полицијата имале наредба да спречат поголеми нереди но во никој случај не смееле да употребат огнено оружје..

„Полицијата апсолутно не пукаше на демонстрантите бидејќи полицајците во главниот град добија наредба да покажат воздржаност.“ - изјави началникот на полицијата во Техеран, Хосеин Рахими.

Портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи го критикуваше американскиот претседател поради написите со кои изразува поддршка за жителите на Иран. Рабиеи вели дека токму Трамп нареди ликвидација на генералот Сулејмани и дека тој е причина поради која многумина од демонстрантите се соочиле со економските предизвици.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак вели дека воопшто не се грижи дали Техеран ќе седне на преговарачка маса и дека само сака да се осигура дека Иран нема добие нуклеарно оружје или да убива демонстранти.

„Всушност, воопшто не ми е гајле дали ќе преговараат. Тоа целосно зависи од нив, но, нема нуклеарно оружје и не убивајте ги вашите демонстранти.“ - напиша Трамп на Твитер.

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го потпиша амандманот со кој Пентагон е ставен на листата на терористички организации. Законот веќе беше усвоен во април минатата година, а на листата терористички организации се наоѓа Централната команда на САД, но и американското Министерство за одбрана.

Иранскиот Парламент минатата недела ја прогласи американската војска за „терористичка организација“ како одговор на убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак. На истата седница Парламентот одобри зголемен буџет за специјалната единица на Револуционерната гарда – Кудс, чиј командант беше Сулејмани.

0 Коментари

Остави коментари