Иран почна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот исток

Тензиите меѓу Израел и Иран остануваат без знаци на деескалација. Според израелската војска, ноќеска и утрово Израел бил цел на серија напади со ракети и беспилотни летала од Иран во кои најмалку три лица се убиени, а десетици се повредени.