Инженери на Македонија: ЕВН нема систем за фер систем на наплата на реалната потрошувачка
Здружението на инженери на Република Македонија иницираше измени на Правилата за снабдување со електрична енергија, поради евидентирани неправилности во фактурирањето на електричната енергија. Овие неправилности се резултат на нередовното отчитување на струјомерите и издавање на сметки врз основа на проценета, наместо реална потрошувачка. Целта на иницијативата е воведување на праведен, недискриминаторен и фер систем на наплата кој се базира на реалната потрошувачка и автоматска корекција на паушално изготвените сметки.
На подготвителната седница организирана од Регулаторната комисија за енергетика, покрај членовите на Комисијата, присуствуваа и четири претставници од Електродистрибуција и ЕВН Хоме - стручни и овластени лица кои дадоа свои коментари и забелешки на предложените измени.