Инвеститори обвинуваат кочење на проект со години
Тројца инвеститори обвинуваат дека три години Општина Илинден го кочи нивниот план на над 150.000 метри квадратни да изградат стопански комплекс za кој тврдат дека предвидува над 100 вработувања.
За ТВ 24 раскажуваат дека Владата и институциите по нивниот план трајно го пренаменила земјиштето од земјоделско во градежно и државните институции брзо ја завршиле постапката. Но, целата процедура ezako;ena во општинските служби, каде велат, и покрај тоа што тројца претседатели на советот, меѓу кои и актуелниот градоначалник Александар Георгиевски ги поминале плановите во кои е предвиден и нивниот комплекс, не се помрднало ништо.
Градоначалникот na Илинден, Георгиевски за ТВ 24 вели дека од секторот за урбанизам од општината вчера го испратила предметот во Министерството за транспорт и врски, каде дале забелешки дека било невозможно да има една градежна парцела колку нивната и затоа требало да се извадат повеќе парцели.
„Урбанистите нашле забелешка дека е невозможно градежната парцела да биде 150.000 метри квадратни. Јас како претседател на советот ја имам поминато само иницијативата. Годинава пак, советот само ги продолжи сите постапки.“ - вели Александар Георгиевски градоначалник на Општина Илинден.
Но, инвеститорите тврдат дека досега немало ниту една забелешка за големината на земјиштето и прашуваат во кој закон била ограничена големината на земјиштето.
Предметот сега е вратен во Секторот за уредување на просторот во Министерството за транспорт и врски, во чија комисија, велат инвеститорите, претходно брзо и без проблеми поминал предметот, со потпис на претседателката на комисијата, Весна Андриевска и останатите членови.
За закочувањето на предметот, кој од ноември 2021 година стоел недопрен во Општина Илинден, инвеститорите поднеле известување до градоначалникот Георгиевски, но и пријави до Државниот управен инспекторат, Антикорупциската комисија и до премиерот.
Доколку за два месеци не се заврши процедурата, ќе пропадне и пренамената, што би значело дека овие инвеститори ќе бидат принудени да платат отштета. На земјиштето има трајни лозови насади за кои ќе треба да платат штета, бидејќи заедно со планот, потпишале и изјави под кривична и материјална одговорност дека доколку планот не успее, ќе треба да ги надоместат штетите и прашуваат, кој ќе го плати огромниот надоместок доколку планот остане неуспешен поради тоа што забавил целиот процес во Општината.