Инвестициските фондови во мај располагале со 558 милиони евра
Нето-вредноста на отворените инвестициски фондови во текот на мај се зголемила за 17,64 милиони евра и достигнала 34,42 милијарди денари, односно 558 милиони евра. Остварена е месечна промена од 3,57 насто.
Наспроти тоа, според податоците од месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност, зголемени се одливите за 25,97 насто. На крајот од мај биле во износ од 23,38 милиони евра, за разлика од априлските 18,56 милиони евра.
Петтиот месец од годината на инвестициските фондови им донел дополнителни средства од 32,21 милион евра. Споредено со април, кога приливите изнесувале 38,35 милиони евра, регистрирано е намалување од 16,01 отсто.

