ИНТЕРВЈУ СО ВИЛМА РУСКОВСКА
За телевизија 24 најавува проширување на истрагата „Рекет“. Не исклучува дека истрагата ќе опффати лица од политичкиот и правосудниот систем. Потврдува дека од Катица Јанева е одземен еден телефон, но дека вториот бил пријавен како изгубен.
Рускоска во интервјуто вели дека кај второосомничениот е пронајдена поголема количина оружје и ќе се истражува дали го поседува со дозвола или без. Потенцира дека во претресот на првоосомничениот и второосомничениот се одземени електронски уреди, како и еден мобилен телефон од еден јавен обвинител, но оти се уште не е извршено вештачење на ниту еден од нив.
Обвинителката Русковска смета дека последниот случај не треба да сго нарушува угледот на СЈО затоа што, како што вели, таму има многу добри обвинители и јавноста треба да има доверба во нив.