Интервенција од стоковите резерви и почитување на Законот за фер трговски практики се спас од скапата храна
Интервенцијата со стоковите резерви е една од можностите за подобрување на животниот стандард но и на цените во трговија на големо и мало, вели заменик министерот за економија и труд. Марјан Ристески.
Потенцира дека сепак не е тоа мерка за зауздување на цените потребно е зголемување на производните капацитети што би направило на долг рок да имаме понормални цени во маркетите.
Клучно е според Ристески да се почитува Законот за нефер трговски практики. Дали тоа е така вели дека сепак има маркети кои не го почитуваат законот но има и такви кои се придржуваат до законот.
Инфлацијата во моментов е реална и треба да се продолжи со почитување на Законот за нефер трговски практики велат од Стопанската комора и додаваат дека треба да се работи на зауздување на инфлацијата бидејќи во спротивно би било лошо за домашната економија. Дополнуваат дека треба да се активираат стоковите резерви за да се воведе ред.
Заводот за статистика објави дека трошоците за живот во август годинава пораснале за 4,4 проценти во споредба со август лани, најмногу поради високите цени на храната.

