Интерпол распиша меѓународна потерница, МВР формираше специјален штаб
Интерпол денеска распиша меѓународна потерница за исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага трет ден. За потрагата на Вања е формиран и специјален штаб на МВР. 14 годишното девојче исчезна во понеделникот наутро на пат кон училиштето Песталоци.
Денеска тивко и тажно во скопската населба Дебар маало. Катанец на влезот на училиштето, а зошто нема одговор. Министерството за внатрешни работи продолжува со распит на сите лица кои биле блиски со Вања, се проверува нејзиниот компјутер, се разгледуваат снимките од надзорните камери од објектите. Во потрагата се вклучени и кучињата трагачи.
Регионот се крена на нозе по исчезнувањето на 14 годишната Вања. На социјалните мрежи се споделува фотографија од Вања со детален опис, упатена до сите во Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија и до сите луѓе кои би можеле да помогнат. Секоја минута е важна. Фотографии на кои пишува дека се бара Вања Ѓорчевска може да се видат и залепени во центарот на Скопје. Со надеж дека некој од минувачите ќе се присети на било ккава информација која што може да биде корисна.
Се мобилизира и Ловечката федерација, Претседателот на федерацијата Влатко Алексовски, за тв 24 вели македонските ловци ќе ја бараат и на непристапни терени
- Ловечката федерација на Македонија обединува 100 илјади граѓани-ловци кои поседуваат легално ловечко оружје. Овој период е ек на ловна сезона и во еден ловен ден над 25 илјади ловци се активни во ловиштата на целата територија на државата, а притоа поаѓајќи од одличното познавање на теренот и ловечкиот инстинкт, за ловците се достапни и најнепристапните и екстремни терени и оттука е и мојот оптимизам дека ќе помогнат во потрагата по Вања! - вели Арсовски.
Исчезнувањето на Вања, ја отвори Пандорината кутија. Прашања и тема за која треба почесто и отворено да се разговара. Психологот Мирјана Стојановска Јовановска за нашата телевизија вели дека во општетсвото е потребно да се создаде организиран систем за заштита на најмладите
Три дена се трага по Вања. Мајката на девојчето го пријави исчезнувањето завчера откако класната раководителка се јавила кај неа и кажала дека Вања не дошла на првиот час. Откако мајката на Вања видела дека е недостапна, веднаш пријавила во полиција. Последен пат, односно пред да се исклучи телефонот, локацијата била на булевар „Партизански одреди“ кај „Броз кафе“ .Оттука и се губи трагата. Деталниот опис и фотографијата на девојчето е во билтенот на МВР за исчезнати лица.
Вања е висока 175цм, тешка околу 58 кг , со кафена коса и кафени очи, бемка на десната страна од лицето, носела протези на забите. На себе носи црни пантолони со странични џебови, син дуксер, кратка црна зимска јакна, бели патики најк со кафене линија и со себе носела и училишен ранец и мобилен телефон ајфон. За секоја информација која може да биде корисна за потрагата по Вања, пријавете на 112.