Интерпелацијата на Димитров следната недела во Собрание
Foto

Интерпелацијата на Димитров следната недела во Собрание

Интерпелацијата на вицепремиерот Никола Димитров најверојатно следната недела ќе се најде пред пратениците - брифираше претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери.

Вицепремиерот Никола Димитров е првиот министер од оваа Влада чија работа ќе биде преиспитана во Собранието. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ му забележува дека со своето недоаѓање на комисиска расправа, покажал непочитување на Собранието. 

Секретаријатот за европски прашања е пасивен и без отчет за првите 100 дена, а третата причина за интерпелацијата е како што велат заблудата на јавноста со тврдењето на Димитров дека Македонија има одлука за старт на преговорите со Европската Унија.

Според СДСМ, интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи опозициската партија и лани поднесе интерпелација за истиот министер, но за неа гласаа само 20 пратеници.

0 Коментари

Остави коментари