Интерпелацијата на Димитров пред пратениците

Односите со Бугарија, недобивањето на датум за старт на преговорите на земјата со ЕУ за кој неколкупати уверуваше владата главни аргументи со кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ го бранеше барањето за интерпелацијата на вицепремиерот за Европски прашања Димитров.

 

Речиси во текот на целиот ден реториката во законодавниот дом зачинета со дипломатските прашања кои според опозицијата - власта не успеала да ги реши. 

 

Првиот човек надлежен за евроинтегративните процеси на земјата  пак Димитров ги бранеше позициите порачувајќи дека  власта достоинствено ги издржала сите нанесени рани кои како што рече опозицијата ги ствала на контото на партиски поени, додавајќи дека идентитетот и јазикот во ниту еден случај не биле доведени во прашање. 

 

Расправата во законодавниот дом речиси во текот на целиот ден со мали паузи се одвиваше според деловничките правила. Два пратеника од опозицијата и еден од власта. Во законодавниот дом опозиционеите веќе имаат поднесено барања за интерпелација и на вицепремиерот за борба против корупција Николовски но, и за правда Маричиќ.