Интерпелација за Тошковски: „Опозицијата го обвинува за селективност во истрагата во Кочани, Тошковски тврди нема пропуст“

Обвинувања на релација власт - опозиција, но и барање за интерпелација за Тошковски.

Расправата во законодавниот дом речиси во текот на целиот ден се одвиваше во насока на барање политичка одговорност на опозициските партии, Тошковски пак во интерпелацијата гледа обид за ситно политичко поентирање на политичките опоненти и твдри дека немамало селективна правда и дека точките на кои Левица ја темелеше интерпелацијата се неосновани.

Дури 5 од десетте точки се однесуваа на трагедијата во Кочани и дискотеката „Пулс“, останатите точки пак се однесуваа на скандалот со знамињата марихуаната во Карбинци, но и обезбедувањето на премиерот Мицкоски.

Барање одговорност но и критики  за работењето меѓу кои и последниот настан со братот на градоначалникот на Гази Баба од говорницата изнесоа и пратениците на СДСМ, Европскиот фронт пак со став дека многу прашања поврзани со настаните во Кочани остануваат неодговорени и јавноста заслужува одговор. Парламентарното мнозинство пак со став дека Тошковски ги апсел сите инволвирани како што рекоа неселективно. 

Ова е втора интерпелација за Тошковски откако првата ја преживеа, а беше поднесена од Европскиот фронт. Левица на седницата бараше да бидат пуштени и родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс, но собранискиот спикер Гаши сметаше дека тоа не е согласно протоколите и дека за тоа е потребна најава од претходно.