Интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски

Обвинувања за задоцнети исплати и субвенции ,  коруптивни скандали и уапсени директори во инспекторатот за земјиделство и платежната агенција , но и кој тоа ги оставил земјоделците со празни ветувања и празни џебови

џебови. Вака течеше расправата за интерпелацијата на министерот за земјоделство која ја иницираше опозициската СДСМ а потребата од гласање на недоверба кон министерот Трипуновски ја образложи пратеникот и поранешен министер во истиот сектор Љупчо Николовски .

Министерот Трипуновски пак ваквите обвинувања ги отфрли како неиздржани но и ги окарактеризира како политиканство за ситни политички поени на опозицијата а на сметка на неговиот углед. Не пропушти прилика од говорницата да ја изнесе и сликата која како што рече ја наследил во министерството од претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ .

Расправата за интерпелацијата на министерот Трипуновски се одвиваше во насока на постојани обвинувања на релација власт и опозиција . Опозиционерите исто  така обвинуваа дека земјата станува зависник од увоз на храна кој е двојно  поголем од извосот , пратениците од парламентарното мнозинство пак лошите состојби во земјоделството тврдеа дека биле наследени од претходниот министер Николовски . 

Ова беше само една од најавените интерпелации периодот кој опозициските пратеници ги иницираа. Од СДСМ исто така најавија и интерпелација за собранискиот спикер Гаши која се уште беше во фаза на изготвување а пак Левица поднесоа интерпелација и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски . Сепак најавата за овие интерпелации доаѓа во период кога премиерот веќе најави и реконструкција на владата и промени во одредени ресори кои ќе бидат познати во втората половина од месецот . На денешната седница беше констатирана и оставката на министерот за добро владеење Арбен Фетаи .