Интерпелација и лидерска

Европскиот фронт поднесе интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, вицепремиерот Изет Меџити и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Албанскиот опозициски блок го впери прстот кон  Меџити и го обвини  за како што велат,  лошото управување со состојбите кои се случуваат во државата и меѓуетничките односи. Министерот Тошковски и Исени на денот на празникот на албанското знаме, како одговорни лица и наредиле на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира, спречувајќи мирна и традиционална манифестација на Албанците.

Додека пак, Стоилковиќ не успеал да ја почитува и спроведе официјалната употреба на албанскиот јазик.  

„Пратеничката група на Европскиот фронт во текот на денот поднесува интерпелација за работата на четворица членови на оваа влада без етнички легитимитет.“ - Блерим Беџити Европски фронт.

Коалицијата „Вреди“ со реакција дека ДУИ треба да си поднесе интерпелација самата на себе. 

„Ова е класичен предвидлив чекор на ДУИ кој следува после оркестрираното и организирано нарушување на мирното славање на 28 ноември од страна групи блиски до ДУИ и Артан Груби. Креираа проблеми и сега вината ја префрлуваат на друг. ДУИ ги организираше проблемите и инцидентите. Креираат проблем, ги изложуваат граѓаните на ризик, ги оставаат на немилост, бегаат од нив и на крај се обидуваат да користат политички поени.“ - ВРЕДИ.

Од Левица образложуваат дека ќе ги разгледаат основите врз база на кои се бара изгласување недоверба на посочените владини функционери, па потоа ќе излезат со став. Со сличен одговор како ќе постапат за предложената интерпелација и опозициската СДСМ – засега  останува на барањето за лидерската средба. Европскиот фронт е „за“ лидерска средба, а од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не гледаат потреба за такво нешто.

„Сосема е чудно зошто ова барање за лидерска средба доаѓа преку медиумите. Се надеваме дека знаат како се испраќаат официјални барања за лидерска средба. Нека ги испратат, па ќе размислиме и ќе одлучиме. - Марија Митевсва ВМРО-ДПМНЕ.

Од Бихаќка велат дека со средбата може државата да остане стабилна. 

„Одбивањето на иницијативата за лидерска средба го засилува сомнежот за политичка калкулација и испраќа опасна порака - дека некои политички фактори во власта имаат интерес од продолжување на тензиите.“ - СДСМ.

И додека се' погласно се говори околу евентуалната лидерска средба која ја предложија од Бихаќка доколку истата се случи таа би била прва лидерска во новиот владин мандат.