Интер со пресврт до триумф против Наполи
Фудбалерите на Интер со пресврт од 0:2 стигнаа до победа од 3:2 во дуелот против Наполи и на тој начин со максимални девет бодови се на лидерската позиција во Серија А.
Првиот дел мина без голови, а во второто полувреме по само три минути Наполи водеше со 2:0 со головите на Матео Политано (50.минута) и Расмус Хојлунд (53.минута). Но, и Интер не се предаде и по само три минути преку Лаутаро Мартинез намали на 1:2. Изедначувањето од 2:2 стигна во 82.минута, а стрелец беше Маркус Турам.
Победата на Интер ја донесе Мартинез со својот втор гол во 90+1 минута.
Во првиот денешен дуел Фиорентина – Торино 1:2.
Македонскиот репрезентативец во редовите на Аталанта, Елиф Елмас е меѓу стартерите на вечерашниот дуел на неговата екипа против Рома.

