Интер се искачи на второто место во Серија А по победата со 3-1 над Торино
Foto

Интер се искачи на второто место во Серија А по победата со 3-1 над Торино

Интер го совлада Торино на домашен терен синоќа во натпревар од 32. коло од Италијанското фудбалско првенство со 3:1.

Гостите на почетокот на првото полувреме го отворија резултатот преку Андреа Белоти. Интер не дозволи изненадување и со три гола во второто полувреме направи целосен резултатски пресврт. Головите за домаќините ги постигнаа: Ешли Јанг, Диего Годин и Лаутаро Мартинез.

По оваа победа Интер се изедначи со Лацио по број на бодови (68) и го престигна на табелата. Сега „неро-азурите“ се втори, Лацио е трет, а убедливо прв е Јувентус со 76 бода.

Торино е на 16. позиција со 34 бода.

0 Коментари

Остави коментари