Интер по седми пат го освои италијанскиот Суперкуп

Интер втора година по ред го освојува италијанскиот Суперкуп. Избраниците на Симоне Инзаги синоќа во Ријад го совладаа Милан со 3:0.

Головите ги постигнаа Федерико Димарко, Един Џеко и Лаутаро Мартинез

„Нероаѕурите“ се израмнија со „Росонерите“ по бројот на победи во натпреварите за Суперкупот. Двата милански клуба имаат по седум трофеи во ова натпреварување.

Најмногу суперкупа има Јувентус, вкупно девет.