Интер по 19. пат стана шампион на Италија
Foto

Интер по 19. пат стана шампион на Италија

Интер го освои италијанскиот шампионат во сезоната 2020/21 на четири кола пред крајот на сезоната. Клубот од Милано ја освои титулата во Серија А по 19. пат во историјата.

По денешните 1;1 со Сасуоло, Аталанта заостанува зад неро-аѕурите недостижни 13 бода. Последен пат Интер стана шампион на Италија во сезоната 2009/10. Тренерот Антонио Конте ја освои Серија А по четврти пат, пред тоа тој трипати победи со Јувентус.

По девет последователни сезони, Јувентус е симнат од тронот во италијанскиот фудбал. 

0 Коментари

Остави коментари